ММС

Објавено на: 02/15/21 1:30 PM

Отсечени повеќе села во Крива Паланка поради снег

Селата од повисоките места во Кривопаланечко, Нерав, Огут, Метежево, Дренак, Борово и Мождивњак се отсечени поради високата снежна покривка која наместа изнесува и над четирите сантиметри.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во тек е расчистување на регионалниот пат село Луле – Крстов Дол, каде работат екипи на јавното претпријатие “Македонија пат”, а се чека на механизација за расчистување на регионалниот пат Општина Ранковце село Герман.

Целосно се отсечени селата до кои води земјен пат,а тоа се локалните патни правци Дурачка Река -село Дренак и село Мождивњак-Борово.

Оттаму посочуваат дека по расчистување на регионалниот пат кон селото Огут и кон Дубровница, каде механизација е на терен, ќе бидат проодни патиштата кон: Габар, Метежево, а патот кон селото Нерав кој е локален,ќе продолжат да го расчистуваат локалните власти.

Според информациите од терен тешко проодни се и патните правци кон селата Узем, Жидилово, Мождивњак,Кркља и Црцорија,каде снежната покривка е над триесет сантиметри.

На овие правци се движат отежнато само теренски возила.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.