ММС

Објавено на: 02/15/21 1:13 PM

Притвор за лице кое опожарило возило во Берово

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против беровец, за кој постои основано сомневање дека го сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери. Тој со запалива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка Пасат, паркирано на паркинг простор лоциран на улицата „Кеј на Младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за ниско напонска мрежа и станбена зграда со 40 стана.

Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180 000 денари.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Кочани поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.​

 

Фото:   Илустрација  / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.