ММС

Објавено на: 02/15/21 12:20 PM

Државниот матурски одбор го прифати предлогот за државната матура- два екстерни и два интерни испити и проектна задача

Државниот матурски одбор на денешниот онлајн состанок на кој учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска го прифати предлогот државната матура да се сости од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и проектна задача. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог концепција.

На состанокот министерката Царовска и претставниците на одборот меѓу кои и претставници од Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти.

Исто така, напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме.

Министерството за образование и наука продолжува посветено да работи на создавање на квалитетно образование коешто е во интерес на учениците.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.