ММС

Објавено на: 02/15/21 11:41 AM

Претставена Бела книга за јазичниот спор: Македонскиот јазик е скопска писмена форма за бугарските интелектуалци

Белата книга за јазичниот спор помеѓу Македонија и Бугарија која по објавата на социјалните мрежи предизвика лавини реакции, денес официјално беше презентирана во новинарскиот клуб на БТА во Софија.

Книгата е напишана од тројца бугарски автори од Македонија, тројца од Бугарија и по еден од Албанија и Србија. Според авторите, книгата е резултат од слабоста на бугарската позиција во еднос на идната евроинтеграција на Македонија и резултат на наводното фалсификување на бугарското културно-историско наследство. Во книгата се тврди дека Македонците 70 години се во заблуда и немале претстава за манипулациите кои ги оддалечувале од нивните корени.

„ За првпат група Бугари од граѓанското и етничко земјиште се собираат за да работат за бугарија. Ние немаме претензии кон нашите соседи. Но, треба категорично да разберат дека Бугарија е третата држава во Европа која никнала после распадот на Римската империја и како таква има свое културно и историско наследство кое припаѓа само на бугарскиот народ. На безбројните фалсификати и бројни кражби на нашата историја треба да се одговори цврсто и аргументирано. Политичката елита во Скопје покажа јасно и недвосмислено, дека врската со Белград не е завршена, туку доживува ренесанса и обновување. Таму граѓаните немаат претстава за манипулациите кои 70 години ги оддалечуваа од своите корени. Книгата е издадена на бугарски, но се преведува и на скопска писмена форма за да стигне до сите граѓани“, истакна на прес-конференцијата бугарскиот драматург, Димитар Кабаков кој ја претстави книгата.

На книгата работеле и Владо Треневски, Илија Стојановски и Дејан Танчовски од Северна Македонија, Ерлин Аго од Албанија, Спас Ташев, Румен Сребранов и Методија Иванов од Бугарија, како и Иван Николов од Србија.

„Нашите партнери од ЕУ знаат дека Бугарија создаде пречки за Македонија, но не се запознати со детали на аргументите од наша страна, научно и историски поглед. Прво ја претставивме книгата на бугарски, основна цел е да биде преведена на различни јазици и да биде претставена од европските медиуми.

Втора таргет група се луѓето во Северна Македонија кои не се виновни што властите ги манипулирале со фалсификати. Тие можат да го наречат јазикот како што сакаат дома, но според нас за меѓународна употреба тоа не може да биде така според сите лингвистички факти. Од 1999 година ние го признаваме правото на самопределување на јазикот, работиме со сопствениот македонски јазик.

За сите историски периоди сме покажале со оригинали, факсимили, документи, ракописи што претставува тој јазик. Од лингвистична точка, има редица елементи кои покажуваат дека тој јазик е сличен или идентичен со друг јазик. Во однос на граматика, разлика во говорот помеѓу бугарски и македонски нема. Во сегашната норма има насилно одделување на бугарскиот јазик. Овие јазици се всушност еден јазик. Нивниот јазик е политичко решение. Извршена е група фалсификација на фактите и на културното наследство. Тоа е наложен јазик. МАНУ говори за македонски јазик кој се зборувал освен во Македонија и во Бугарија, Грција, Албанија и Грција. Излегува дека тамошните Бугари зборуваат на туѓ јазик. Тие имале претензии дека македонскиот јазик почнал да се развива од средните векови. Тие го негираат фактот на каков јазик зборувале револуционери како Жинзифов, Карев – објасни еден од авторите, Методиј Иванов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.