ММС

Објавено на: 02/15/21 11:08 AM

Мицковски да даде отчет за тоа каде отидоа „зрнцата од амбарот“ кои ветуваше дека ќе ги собере.

Преку писмо упатено до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, се огласија од -Иницијатаивата за конгрес на партијата. Делегатите кои го избрале  заслужуваат да добијат отчет за тоа каде отидоа „зрнцата од амбарот“ кои тој ветуваше дека ќе ги собере, се вели во соопштението.

„376 делегати на 23 декември 2017 година во Валандово му ја дадоа довербата на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победнички патеки.

„Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија – нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија “, рече Мицкоски ветувајќи дека ќе ги „прегрне“ и делегатите кои не гласале за него. Овие три години Мицкоски не само што не ги обедини партиските структури и што не донесе нова енергија, туку дополнително ја раскара и подели ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се одрази на изборните резултати, а партијата од 455 000 гласови на парламентарните избори во 2016 година, падна на 315 000 гласови минатата година“, потенцираат од иницијатива за Конгрес

Од тука велат дека доколку Мицкоски има време да ги полни кафеаните во Дебар Маало, теретаните или секојдневните прошетки на Водно, мора да одвои време и да се соочи со сопартијците кои му ја доверија најголемата партија на валандовскиот конгрес. Не може молењето на Апасиев за да пие кафе со него, да биде поголем приоритет од еднодневна дискусија со луѓето од партијата кои го избрале Мицкоски.

Делегатите заслужуваат да добијат очет за тоа каде отидоа „зрнцата од амбарот“ кои Мицкоски ветуваше дека ќе ги собере.

„Доколку Мицкоски е убеден дека добро ја водел партијата и дека резултатите што ги постигнал се максимумот, тогаш нема причина да се плаши и да бега од соочување со сопартијците. Вонредниот 17 Конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за правецот кој треба да се држи во иднина, “ се вели во денешното соопштение.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.