ММС

Објавено на: 02/15/21 10:49 AM

Укинати забраните за сообраќај на патните правци Битола – Ресен и Крива Паланка – Деве Баир

Од 09:10 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир,  соопшти АМСМ.

Според АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила со приколка има на кракот Маврово-Дебар.

Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.

Забрана за камиони има на патот Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, како и за камиони и за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка.

Во целосен прекин е и патот меѓу селата Ранковце и Герман.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.