ММС

Објавено на: 02/15/21 10:31 AM

Русија го регистрираше првиот тест во светот за откривање на британската мутација на коронавирусот

Централниот научно-истражувачки институт за епидемиологија на Федералната служба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) го разви и регистрираше првиот систем за тестирање во светот за откривање на британскиот сој на ковид-19, објавено е на веб-страницата на Роспотребнадзор. Новиот систем за тестирање брзо го открива присуството на мутираниот сој. Со тоа се избегнуваат лажно позитивни резултати при откривање мутации за примероци со многу големо вирусно оптоварување  – се наведува во соопштението.

Исто така се додава и дека комплетот реагенски успешно ги поминале клиничките испитување, па веќе се регистрирани за употреба во Русија. Овие реагенски имаат високо ниво на прецизност, што е веќе докажано со испитувањата на клиничките примероци со потврдена мутација.

Новата технологија може да се користи за развој на реагенски за откривање на која било друга мутација на вирусот, како и на други заразни патогени кои бараат брзо масовно тестирање (пандемиски инфекции) – се заклучува во соопштението.

Кон средината на декември во Велика Британија беше откриена нова мутација на коронавирусот. Британскиот советодавен одбор за новата закана подоцна потврди дека се работи за нова варијанта на вирусот која е идентификувана во земјата. Оттаму објавија дека оваа мутација се шири со поголема брзина и затоа се бара поголема внимателност од страна на населението. Сепак, се уште не постои нешто што би укажало на тоа дека оваа мутација е поопасна во однос на смртноста.

Фото: Илустрација / Freepik

Извор:  rs-lat.sputniknews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.