ММС

Објавено на: 02/15/21 10:08 AM

Полицијата казнила 105 возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, шест возеле под дејство на алкохол

При полициски контроли во сообраќајот на територијата на Скопје, вчера  се изречени вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за поминување на затворен семафор, седум мерки за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и осум санкции за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.