ММС

Објавено на: 02/15/21 10:04 AM

Кој е дневниот максимум и што ќе ви се случи ако јадете премногу мандарини?

Изборот на овошје во текот на зимскиот период е ограничен, а она кое поради својот освежувачки вкус и изобилството со хранливи материи, важи за едно од омилените, е мандарината. Речиси и да нема дете, па и возрасен, кој не ги сака мандарините. Тие се слатки и практични за конзумирање, но дали всушност може да претераме со внесот? Дали постои ограничување кога се работи за ова овошје објаснува руската нутриционистка, Ана Ивашкевиќ.

-Мандарините се витаминска бомба, ги содржат витамините А, Ц, Д, К, но и витамините од Б групата (Б1, Б2 и Б6). Ова овошје содржи калиум, фосфор, натриум, калциум, магнезиум, диететски влакна и корисни шеќери. Мандарините имаат позитивно влијание врз нашиот нервен систе и врз расположението. Тие исто така помагаат и кај нестабилните емотивни состојби кои се јавуваат кај луѓето кои континуирано се на диета – вели нутриционистката.

Сепак, имајте на ум дека ова овошје кое е добар извор на антиоксиданти и влакна, исто така е богато и јаглехидрати, а нивниот внес треба да се контролира. Нутриционистите препорачуваат на дневно ниво да се внесуваат околу 160 грама, што отприлика подразбира едно јаболко, една круша, една банана и една дланка бобинки.

Ивашкевиќ предупредува дека не треба да се претерува со внесот на мандарини. Ова овошје содржи силен алерген. Ако изедете повеќе од 1 килограм мандарини во текот на еден ден  постои голема веројатност дека ќе ви се јави алергија. Покрај тоа, мандарините влијаат на работата на гастроинтестиналниот тракт, го зголемуваат нивото на киселост на желудочните сокови, што е уште една причина зошто не се препорачува да се јадат во поголеми количини. Луѓето што имаат некое гастроинтестинално заболување воопшто не би требало да го јадат ова овошје.

Дневниот максимум е пет мандарини. Не препорачувам да се јадат повеќе од две наеднаш. Се’ над тоа му наштетува на варењето, советува нутриционистката Ана.

 

Извор:  republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.