ММС

Објавено на: 02/15/21 10:04 AM

AccuWeather објави долгорочна прогноза: Пролетта ќе доцни!

Американскиот метеосервис AccuWeather објави пролетна прогноза за Европа за 2021 година.

Вестите не се баш најдобри, се очекува невремето да ја следи трасата од Франција, а преку Италија до Балканот, особено во текот на март.

Метеоролозите на AccuWeather забележаа дека ова ќе биде прилично необичен модел за пролетта. Како што невремето се приближува до Средоземното море, може  да има поголема количина на влага, што ќе доведе до обилни дождови и грмотевици низ цела Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров.

Ова може да го зголеми ризикот од поплавување до рана пролет, особено во областите кои беа поплавени од дожд кон крајот на 2020 година.

Температурите беа под нормалата на Пиринејскиот полуостров на крајот од зимата, според метеорологот Алан Реперт, додавајќи дека ова може да се промени до крајот на пролетта, со температури близу и над нормалната прогноза за таа временска нормала.

По една од најснежните зимски сезони во најмалку пет години во северозападна и централна Европа, вклучувајќи ја и првата „соодветна снежна бура“ за Холандија во повеќе од една деценија, многу Европејци со нетрпение ја очекуваат пролетта и враќањето на топлото и сончево време .

Драматична временска промена може да предизвика и алергии, особено за оние кои се алергични на полен од дрвја, кон крајот на април до мај поради комбинација на поблаго време и обилна влажност, според „Репер“.

Големо невреме ќе има кон крајот на април и мај кое може да предизвика премногу дожд по што патиштата би биле блокирани.

За Источна Европа се предвидува топло време во текот на пролетта, но регионот сè уште може да издржи студен удар – што може да трае неколку дена пред да се вратат потоплите услови.

Генерално топлото време може да биде добредојдено за многумина кои се надеваат дека ќе излезат по зимските месеци, но Ројс предупредува дека заканата од снег може да произлезе од повремени студени налети во пролетта. Низ целиот регион, постои поголем ризик од снежни врнежи на крајот на сезоната – претежно во март – во споредба со последните години.

 

Извор: AccuWeather, avaz.ba

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.