ММС

Објавено на: 02/15/21 9:59 AM

Принцот Хари и Меган Маркл очекуваат второ дете

Деновите на малиот Арчи како единец се одбројани, бидејќи војводата и војводката од Сасекс, кои моментално живеат во Калифорнија, го очекуваат своето второ дете.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане поголем брат. Војводата и војводката се пресреќни што очекуваат второ дете“, рекол портпаролот на познатиот пар.

Соопштението е пропратено со црно бела фотографија од принцот Хари кој во прегратка ја држи главата на својата сопруга.

Меѓу првите кои им честитаа на парот бил авторот на фотографијата Мисан Хариман.

„Мег, бев на твојата венчавка да просведочам за почетокот на оваа љубовна приказна и моја пријателке, имам чест што можат да прикажам како расте. Честитки за војводата и војводката од Сасекс“, напишал Хариман.

Веста доаѓа неколку месеци откако Меган (39) откри за „Њујорк тајмс“ дека минатата година го загубила бебето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.