ММС

Објавено на: 02/15/21 8:40 AM

Најстудено утринава во Берово, измерени -19 степени

Температури под нулата се измерени утринава низ целата држава. Најстуден град е Берово со -19 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, Тетово -9, Прилеп, Куманово и Виница -8, во Дебар -7, Скопје и Дојран -6 и во Гевгелија се измерени -5 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 55 сантиметри, во Маврово е 40 сантиметри, а два сантиметри помалку снег има во Крушево. Снег има и во останатите градови низ државата.

За денеска, синоптичарите најавуваат сончево и студено време со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени.

 

Илустрација: Илустрација / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.