ММС

Објавено на: 02/15/21 8:28 AM

Четири причини за бакнеж: Како бакнувањето влијае на организмот?

Благодарение на бакнежите разменети со најблиските вие ќе се чувствувате добро и ќе ја зацврстите врската со нив. Бакнувањето сепак, дури и кога не се однесува само на партнерот туку воопшто на оние кои најмногу ги сакате во својот живот, нуди низа здравствени придобивки. На пример, бакнувањето на некого што го сакате може да ви помогне да се ослободите од главоболката.

Една студија покажала дека луѓето кои почесто се бакнуваат имаат пониско ниво на холестерол. Кога се бакнувате вашето тело почнува да произведува повеќе окситоцин. Овој хормон помага за ублажување на стресот. Бакнувањето исто така придонесува за намалување на крвниот притисок.

Со самото тоа што го намалува стресот, бакнувањето ве исполнува и со позитивни емоции, што пак, може да ги намали симптомите на aлергија.

Освен тоа, во процесот на бакнувањето се вклучени многу мускули од лицето па тоа му доаѓа како „тренинг“ на лицето бидејќи ја тонира кожата. Бакнувајќи се во една минута може да согорите дури и до 26 калории, а со оглед на тоа дека бакнувањето го зголемува протокот на крв во вашето лице, тоа може да го поттикне производството на колаген и еластин, што секако ќе придонесе вашето лице да изгледа помладо.

 

Извор:        index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.