ММС

Објавено на: 02/14/21 5:25 PM

Пандев: Срамно и жално – уште еднаш покажавте дека сте не фудбалски луѓе

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев на својот инстаграм профил бурно искоментира за моменталната состојба што се случува во македонскиот фудбал, клубскиот и репрезентцијата.

„СРАМНО И ЖАЛНО… уште еднаш докажавте дека вие сте не фудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… доста се криевте зад резултатите на Репрезентацијата сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на напш грб, на грбот на Репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес..излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска лига) колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период..спремен сум да не се сменат некои работи ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација да се тргнам на страна“, напиша Пандев на Инстаграм.

По оваа објава на Пандев, ги контактираме луѓето од ФФМ за изјава, меѓутоа не одговорија на нашиот повик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.