ММС

Објавено на: 02/14/21 4:41 PM

Пешачењето како тренинг: Рутина од 60 минути, составена од три дела

Кога некој ќе ви каже дека одењето не e тренинг, не го слушајте. Секоја активност е добра активност, а истото важи и за одење, што може да ви помогне да постигнете цели поврзани со фитнес и слабеење.

За повеќето луѓе, одењето ќе одговара повеќе од трчањето. Меѓу другото, затоа што можам да одам подолго отколку што трчам, и спротивно на општото мислење, одењето е ефикасен начин да согорувате маснотии.

Една студија ги разгледа ефектите од одење на жените со повеќе килограми во период од 12 недели и откри дека е особено ефективна во намалувањето на маснотиите што го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

Затоа пешачењето се препорачува за сите кои страдаат од дебелина, но и за оние кои немаат претходно искуство со вежбање.

Обучувачот Еш Вилкинг за сите желни активности состави предлог за рутина за пешачење што исто така ќе биде одлично за согорување на калории.

Тоа е рутина која трае 60 минути и се состои од три дела.

  1. Загревање (12 минути)

Одете побрзо од вообичаеното темпо една минута, а потоа трчајте на место 30 секунди со кревање на колената што е можно повисоко или удирање со задникот со потпетиците. Повторете ги овие две вежби наизменично 8 пати.

  1. Одење со различно темпо (40 минути)

    Одете со побрзо темпо три минути, а потоа полека две минути. Повторете осум пати.

  2. „Ладење“ (8 минути)

Одете со стабилно бавно темпо 8 минути.

И тоа е тоа. Ова е активност на која не и пречат ниту ниските температури. Всушност, облечете се добро, уживајте во прошетката и ви гарантираме дека ќе се чувствувате одлично еден час подоцна.

Преземено од: https://zadovoljna.dnevnik.hr/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.