ММС

Објавено на: 02/14/21 2:50 PM

(ФОТО) Карневалот во Рио е откажан, но за замена одржано е дефиле на маскирани домашни миленици

Карневалот во Рио де Жанеиро беше откажан оваа година, но сопствениците на миленичиња се собраа во саботата да дефилираат со своите миленици во конкуренција за најдобар костим.


Поради пандемијата Ковид-19, уличните забави и паради на Самбадром беа откажани, но кучињата својот момент го имаа на „Блокот“. Името за настанот е збир од зборот „блоко“, што значи забава на карневал и „као“, што на португалски значи куче, пренесува ABC News.


Десетици костумирани кучиња и нивните сопственици ја одржаа парадата во приватен клуб, бидејќи беше затворено местото каде што обично се одржува парадата, Авенија Атлантик покрај плажата Копакабана, пренесува Танјуг.

Градоначалникот на Рио ги забрани сите јавни прослави поради епидемијата на вирусот корона.

За многу учесници на парадата за миленичиња, тоа беше можност за момент да избегаат од „заклучувањето“ и да доживеат нешто од традиционалната радост на карневалот.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.