ММС

Објавено на: 02/14/21 2:38 PM

Филипче ги посети тимот од МЗ и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер”

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на Институтот за трансфузиона медицина го посети тимот од Министерство за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер”.

Во записникот, како што соопшти Министерството за здравство, се утврдува дали е почитуван ладниот ланец во тек на транспортот на вакцината, како и начинот на отпакување и складирање на вакцината.

Вакцините беа спакувани во кутија со сув мраз, каде во одделни кутии се спакувани повеќедозажни вијали, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.