ММС

Објавено на: 02/14/21 12:43 PM

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај гостиварско Ново Село

Кичевец загинал во сообраќајна несреќа, а две лица се потешко потврдени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од патот.
Според СВР Тетово, ноќеска, десетина минути по полноќ, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало од коловозот.
– Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатничката Н.С. (52) и сопатникот Ќ.А. (52) од Кичево, се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, информираат од СВР Тетово.
На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на ЈО телото на М.С. е предадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.