ММС

Објавено на: 02/14/21 12:10 PM

(галерија) Штипска снежна слика:Луѓето и возилата во борба за простор за движење

Штип осамна со триесетина сантиметри снег. Цела ноќ паѓаше снег, а во помала количина и нaтаму паѓа. Улиците се натрупани, тротоарите не се гледаат. Барем така е во населбата Автокоманда, каде предпладнето по 11 часот беше поприлично раздвижено. Само што, и возилата и луѓето имаат едниствен простор за движење – улиците, кои се целосно побелени. За дваесетина минути слушнавме и кавга на возач со минувачи, кои немајќи каде да се движат остануваат на коловозот, поради што возилата се принудени да застануваат или да кочат за луѓето да поминат.
-Потргни се, ќе те згазам!“, свика возачот, кој беше принуден да застане на пешакот, кој немајќи каде, се движеше по единствениот разгазен протор на улицата. Пешакот му врати: – Нели гледаш дека нема каде да се оди, се’ е затрупано“, покажувајќи на тротоарите, кои не само што не се гледаат од снег, туку се зафатени со паркирани возила.

Снегот не ги принуди штипјани да се откажат од своите неделни навики. На пример, навреме да се набават пастрамајлии за традиционалниот штипски неделен ручек.

Да се заврти кругче со велосипед на снег

Задолжително санкање

Да се прошета кучето, секако со зимска опрема.

На комуналните претпријатија има останува уште многу работа со снегот, бидејќи поважните улици по градот, се’ уште не се гледаат од снег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.