ММС

Објавено на: 02/14/21 11:25 AM

Филипче: Вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници

Првата пратка на вакции против Ковид 19 од Република Србија денеска пристигнаа на граничниот премин „Табановце“, станува збор за 4680 од вкупно 8000 вакцини на компанијата „Фајзер“.

Министерот за здравство Веко Филипче изрази благодарност до Република Србија што отстапи дел од нивните вакцини. Тој рече дека имунизацијата на нашите здравствени работници ќе започне во среда.

„Кризата ни покажа дека солидарноста е важна и непостојат граници, нации. Ние сме целосно подготвени да ги прифатиме вакцините и тие се веќе на пат да бидат сместени во соодветните фрижидери. По најавата на „Фајзер“ доцна во петокот вечерта, ние во вчерашниот ден потпишавме го потпишавме трипартитниот договор, што беше практично услов да се случи оваа донација од Србија. Вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, рече Филипче.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.