ММС

Објавено на: 02/14/21 11:10 AM

Вучиќ: Ние немаме други интереси, освен да покажеме пријателство кон македонскиот народ

Среќни сме што можевме ова да го направиме, можевме тоа да го направиме и пред 10 дена но имавме многу проблем со добивање дозвола за извоз, затоа што тоа се многу прецизни процедури, на крај сум им многу благодарен на луѓето од „Фајзер“ кои тоа ни го дизволија, но под неверојатно сложени, комплексни процедури моравме да го направите за да не претрпиме санкции“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешното примопредавање на вакцините.

„Јас сум среќен што граѓаните на Северна Македонија ќе може да започнат со имунизација, и да започнат пред некои други во регионот во овој дел од светот. Среќен сум што можеме да им помогнеме на нашите браќа и пријатели, кога ова го велам сакам на луѓето од Северна Македонија само едно да им порачам – Ние немаме никакви други интереси, освен да покажеме пријателство кон македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија ние други работи немаме, нас друго ништо не не интересира освен нашето пријателство да напредува, економската размена да ја засилиме и да можеме да живееме не само како најдобри соседи, туку како и најдобри пријатели. Овој е најобичен поклон, за кој и ние сме сигурни и вие исто и за нас би го направиле, бидејќи сметаме дека ако вашиот сосед не е задоволен, вашиот комшија не е задоволен, тогаш и вие не можете да бидете задоволни“, рече Вучиќ.

Тој потенцираше дека во Србија, 840 илјади дози се искористени за вакцинација, од нив 635 илјади дози се вакцинирани на граѓаните некои и се ревакцинирани.

Г.Д

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.