ММС

Објавено на: 02/14/21 10:46 AM

Заев: Солидарност и поддршка е израз на традицијата во регионот, а тоа е првата рака на помош за блискиот сосед

Денеска на граничниот прмеин Табановце, се одржа примопредавање на првата пратка вакцини од Република Србија. На примопредавањето пристни беа премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, министер за здравство на Србија Златибор Лончар, вицепремиер во Владата Артан Груби, министер за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Премиерот Заев изради благодарност до претседателот Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ за овој драгоцен чин на пријателство, но и голема солидарност.

„Како израз на драгоцен чин на пријателство Република Србија и српскиот народ денеска солидарно споделува дел од ос своите вакцини со народот на Северна Македонија. Пакетот од 4 680 вакцини од вкупно 8000 те илјади вакцини е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош на македонските граѓани додека стигнат вакцините што ние ги нарачавме. 2020 година беше една од потешките години во историјата на човештвото, ништо не е завршено и во оваа година. Останува и понатаму да бидеме крајно внимателни. Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото, соработката, пријателството и солидарноста. Како никогаш досега пандемијата доакажа дека сме поврзани и со најдобрите вредности и дека тие никогаш понатаму не треба да бидат заборавени. Да ги негуваме засекогаш и сите заеднички идни предизвици“, рече Заев.


Денешна средба и овој настан, рече премиерот Заев е резултат на пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, како и резултат на разбирањето за ситуацијата во која се најдовме сите ние во светот.

„Истовремено оваа солидарност и поддршка е израз и на традицијата во регионот која е повторно на сцена, а тоа е првата рака на помош да се подаде кон блискиот сосед, овој чин ги зацврстува и дава светла перспектива на односите помеѓу Србија и Северна Македонија кои бездруго се традиционално пријателски. Нашите сограѓани Србите во Северна Македонија, и Македонците во Србија, тие се значаен дел од нашето општество, уникатен дел од мозаикот на вредности и различности и со нив традиционално ги унапредуваме добра и односи и со Република Србија“, рече Заев.

Тој потенцираше дека вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство го објави пред јавноста и кој постојано ќе се ажуриран согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини во земјата, типот на вакцината и спецификите на секоја оделна вакцина.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.