ММС

Објавено на: 02/14/21 9:59 AM

Зимски услови на патиштата, забрани воведени за тешките товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат.  Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Поради снегот забрана за движење на тешки товарни возила има на повеќе патни правци.

Од ноќеска во 00:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 21:55 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Синоќа од 19.30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на патниот правец Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, од 18.30 часот на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 17.00ч поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведе забрана за сообраќај на тешките товарни возила, а за останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од вчера од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, а од 07:00 часот, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од Македонија пат наведуваат дека нивни дежурните екипи  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.