ММС

Објавено на: 02/13/21 11:23 PM

Снег, љубов и музика- „24 илјади бакнежи“ на концертот во Филхармонија

Снег, пандемија, дистанца, маски, љубов, необична комбинација за славење со песна на Денот на вљубените и виното. Таков беше и вечерашниот концерт  во Филхармонија насловен „24 илјади бакнежи“.

Публиката, проретчена поради пандемијата, уживаше во добра музика со љубовни песни, оти тоа вечерва беше најважно. Лизгавото време беше проблем за високи потпетици, шминката од маската не се гледаше, па останува само срце полно љубовна емоција.

Солистите Благоја Нацоски и Светлана Јованосва им ги разнежнија срцата, хорот, балерината и диригентката Дијана Имери- Илкоска надополнување на убавата атмосфера. На сцената на Филхармонија можеа да се слушнат  „Еден бакнеж“ на Нина Спирова, „Историја на една љубов“, „Убава Мариа“, „24.000 бачи“…

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.