ММС

Објавено на: 02/13/21 10:19 PM

Време: Утре снег и студено, утринска температура до -15, дневните од -11 до -2 степена

Облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура од -5 до -15 степени, дневните од -11 до -2 степена. Тоа е прогнозата на УХМР за утре.

До среда утринските температурите во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.