ММС

Објавено на: 02/13/21 9:59 PM

Вакцините од Србија пристигнуваат утре

Утре во 10 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Србија. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев, информираат од Владата.

Претседателот Вучиќ требаше да ги донесе пред четири дена, но, како што тогаш информираа настанот беше одложен поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините , изјавија тогаш  од владината прес служба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.