ММС

Објавено на: 02/13/21 9:33 PM

Работниците од Кина во селото Извор ја пречекаа Кинеската нова година

Без традиционалниот огномет и без присуство на гости, соработници, малубројната група кинески работници преостанати на автопатот Кичево-Охрид, ја одбележаа кинеската Нова година, Година на биволот.

Работниците од Кина не ја пропуштија можноста со специјалитети својствени за сопствената кујна и пред телевизиските екрани, каде што се емитуваа програми од националната телевизија, се обидоа, барем делумно да ја нарушат носталгијата, поради одалеченоста од своите најблиски и родната земја.

Работниците и менаџментот од „Синохидро” за најсвечената вечер на трпезата имаа застапено традиционални специјалитети од чорби, пикантни колбаси, јагнешко со мед, неизбежна и пообилна количина риба, доста зеленчук и сето тоа гарнирано со неизбежниот десерт, информираа  од Извор.

Пречекот на Кинеската Нова година работниците од оваа земја го имаа во мензата од населбата во село Извор, каде што престојуваат полни шест години.

Претходните години, кога во оваа населба имаше повеќе стотини кинески работници, за Пазникот на пролетта, како што ја нарекуваат кинеската Нова година, повеќето беа на редовен годишен одмор во сопствената земја, што е традиционален обичеј за сите Кинези од светот за прослава на овој ден.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.