ММС

Објавено на: 02/13/21 5:45 PM

Си ги убил жената и децата, ја запалил куќата, па извршил самоубиство: Трагедија во Германија

Пожарникарите и спасувачки служби пронајдоа пет безживотни тела по пожар во куќа во западниот дел на Германија, во градот Вупертал, а полицијата се сомнева дека се работи за повеќекратно убиство и самоубиство во семејство, пренесуваат агенциите.

Утврдено е дека се работи за 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, нивните ќерки на возраст од една и четири години и 77-годишна мајка на сопругата. Имињата не се наведени.

АП наведува дека полицијата и обвинителите денес соопштиле дека, според првичните сознанија, веројатно мажот го убил остатокот на семејството, а потоа самиот на себе си нанел смртоносни повреди со нож. Како мотив се наведуваат нарушени брачни односи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.