ММС

Објавено на: 02/13/21 5:40 PM

Земјотрес од 7,1 степени кај Фукушима, засега нема предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,1 степени денеска е регистриран на 60 километри од брегот на Фукушима во Јапонија. Засега нема предупредување дека доаѓа цунами, но поради претпазливост, на жителите кои живеат во крајбрежниот дел им е кажано да се повлечат во ридовите, јавуваат јапонски медиуми, а пренесуваат агенциите.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Фукушима е на островот Хоншу, кој на 11 март 2011 година беше погоден од цунами, а потоа земјотрес, па дојде до хаварија во нуклеарната електрана во Фукушима.

Тогашниот земјотрес со јачина од 9,3 степени и огромните бранови од над 15 метри, однесоа речиси 20 илјади животи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.