ММС

Објавено на: 02/13/21 3:32 PM

Светиниколец осомничен за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1  точка 3 од Кривичниот законик и еден обид за тешка кражба, соопштуваат од обвинитеслтвото.

На 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда,  на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Имено, кога ја забележал оштетената и пристапил од зад грб и ги скинал рачките од чантата која оштетената ја носела во своите раце, ја одзел чантата и избегал. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 5.000 денари.

Веднаш потоа се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска Бригада“, каде се обидел со провалување да одземе туѓи подвижни предмети. Тој насилно ја отворил надворешната врата од амфитеатарот, влегол внатре, продолжил со кршење на врати и пребарување, со цел да пронајде предмети со кои може да се стекне со имотна корист, но бил спречен во намерата од чуварот, кој го затекнал на лице место и настанот го пријавил во полиција.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.