ММС

Објавено на: 02/13/21 2:28 PM

Заладени ли се односите меѓу Заев и Пендаровски?

По последните настани на политичка сцена, гласините се дека се заладени односите меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, кого партијата на Заев го кандидираше на Претседателските избори. Дали тоа значи дека од сегашна перспектива, Пендаровски не може да смета на поддршката на Заев и СДСМ за втор мандат, беше прашањето што му беше упатено на македонскиот претседател во емисијата Стадион на Канал 77. Пендаровски не даде директен одговор, но рече дека за три години од сега, овој политички фундамент знчајно ќе се смени и никој не може да предвиди што ќе случи од сега па во следните години.

-Во политика времето тече побрзо, многу побрзо. Прва мерна станица ќе бидат локалните изборите, па дури потоа ќе вдиме како ќе се одиваат работите. Јас не се закаќачам, не се р’чкам со било кого, освен ако тој, тие како партијата влегуваат во кршење на законите или не дај Боже, во коруипција, јас морам да зборам против нив. Не се закачам за прашања како, прво пописот, за Бугарија, уште попрво. За жал, ние до сега не успеавме да изградиме консензус. Сите конструктивни предлози на опозицијата за пописот не беа прифатени. Невозможно е да не немало ниту еден конструктивен предлог на опозицијата, вели Пендаровски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.