ММС

Објавено на: 02/13/21 2:28 PM

Приведено лице за издржување на затворска казна

Полициски службеници од СВР Скопје, денеска на подрачјето на Бит Пазар, по судска наредба од Основен кривичен суд Скопје 1, го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје за издржување казна затвор по член 261 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението додаваат дека тој бил приведен во Полициска станица Гази Баба и ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржувања на казната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.