ММС

Објавено на: 02/13/21 2:10 PM

Хернан Креспо ќе го предводи бразилски Сао Паоло

Поранешниот фудбалер на Челзи и Милан, Хернан Креспо, застана на клупата на бразилскиот големец Сао Паоло.

Неверојатниот успех на Аргентинскиот стратег со екипата на Дефенса Хустисија со која го освои престижниот трофеј во Копа Судамерикана, победувајќи го ривалот од домашното првенство Ланус, му ги отвори ширум портите кон преземање на клуб со поголемо реноме и шанса за континуирано победување и освојување титули.

Сао Паоло вчера официјално ја потврди веста за неговото назначување, а 45-годишникот ќе се задржи на бразилско тло во следните две години.

-После многу техничка и внимателна евалуација, за која се консултиравме со различни професионалци, донесовме одлука дека Хернан Креспо перфектно се вклопува во она што мислиме дека Сао Паоло го претставува. Тој има победничка историја, во играчките денови беше навистина одличен и сега е надежен и талентиран тренер. Ќе имаме командант со победнички менталитет и ДНК на Сао Паоло, изјави претседателот на бразилскиот клуб, Хулио Касарес.

Последната титула во бразилското првенство Сао Паоло ја освои пред цели 12 години.

 

 

 

 

Фото:

Тwitter / @SaoPauloFC


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.