ММС

Објавено на: 02/13/21 1:28 PM

Заштита од власта имаат осомничените за сообраќајката кај Ласкарци вели Таравари за судењето кои трае веќе две години

Со марш и положување на цвеќе на местото на сообраќајна несреќа кај скопското село Ласкарци во која загинаа 16 лица се одбележуваат две години од трагичниот настан.

Претставници на организациониот одбор за одбележување на двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци, гостиварскиот градоначалник и неговата сопруга на местото на несреќата положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите.

– Се решивме да дојдеме тука и да го одбележиме овој трагичен ден и да изразиме почит и дека го чуваме споменот на нив. Сакаме да порачаме ваквите трагедии да бидат поука и да не се повторат, изјави Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар.

На новинарско прашање дали има сознанија за исходот од судскиот процес за несреќата, Таравари кажа дека не очекува праведен исход, бидејќи како што рече, судски разврски нема во хибридни режими. Според него дел од осомничените имаат заштита од политичките партии на власт

На иницијатива на неколку спортски друштва и клубови, годинава се организира вториот меморијален марш чија цел покрај оддавањето почит има за цел да пренесе порака до учесниците и лицата кои се одговорни за безбедноста во сообраќајот за поголема совесност и почитување на законите. Заради неповолните временски прилики, организаторите значително ја скратија маршрутата и учесниците ќе тргнат од гостиварската патарина.

Пред две години на денешен ден, автобусот кој се обраќаше на редовна патничка линија, попладнето тргнал кон Гостивар. Од сè уште неутврдени причини автобусот со 51 патник излета од коловозот и се преврте на стариот пат. Жителите на скопско Ласкарци беа првите кои помогнаа во спасувањето на повредените. За нивната пожртвуваност, гостиварската локална самоуправа, додели благодарници.

Две години по несреќата се води судски процес во кој се обвинети шест лица и сè уште трае утврдување на одговорноста и околностите кои доведоа до трагедијата.

На овој ден во 2019 година животот го загубија шеснаесет жители на гостивар и околните места: Бејза Узеири, Валдете Хамити, Бесим Фетаи, Дејан Ристоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо Раметула Абдураими, Трпана Јаневска, Јовица Трпевски, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Онур Садику Павле Костоски, и Ерза Османи, а со повреди се здобија уште 35 лица.

 

 

 

з. г. м.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.