ММС

Објавено на: 02/13/21 1:12 PM

Знаевме дека оваа власт цензурира и опструира, но не знаевме дека е фашизоидна, изјави Мицкоски

Знаевме дека опструираат и цензурираат, не знаевме дека се фашизоидни. Не треба да го потценуваат народот и јас би бил сериозно загрижен доколку би бил на нивно место, реагираше лидерот на најголемата опозициона партија, Христијан Мицковски, по повод забраната на користењето на терминот „Македонија“ во официјална комуникација.

-Знаевме дека цензуираат и опструираат, не знаевме дека се фашизоидни. Не треба да го потценуваат народот и она што следи. А следи пораз, дебакл и одговорност. Така што јас кога би бил на нивно место би бил сериозно загрижен за постапките кои ги прават под диктат на Заев. Тоа е дебакл на отворена сцена, понижување на македонскиот народ и сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност. На крајот и на самата Македонија. Служиме за потсмев, изјави Мицкоски пред медиумите.

Претходно по барање на невладина организација во името да го содржи зборот „Македонија“, министерот за правда Бојан Маричиќ забрани употреба на термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“ и кратенката „ПЈРМ“, во преведена или непреведена форма во комплетната внатрешна и надворешна официјална комуникација.

 

.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.