ММС

Објавено на: 02/13/21 12:02 PM

(ВИДЕО) Новите машини кои ги набави Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини

Град Скопје заедно со ЈП Комунална хигиена секојдневно ја одржува хигиената на шест милиони м2 јавни и сообраќајни површини во главниот град. Главениот приоритет претставува заштитата на јавното здравје и хигиена во градот!

За таа цел набавени се нови специјални машини наменети за чистење и метење на тротоари и вело патеки, кои се дел од планираното големо обновување на возниот парк.

„Ни претстои набавка на уште 37 нови специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад. Кои ќе придонесат за поефикасно и поквалитетно одржување на хигиената во нашиот град. Продолжуваме со спроведување и на други акции за одржување на почиста и поздрава животна околина“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.