ММС

Објавено на: 02/13/21 11:33 AM

Гаврилов:Секоја власт е научена да корумпира преку субвенции за медиумите,а не да плаќа продуција

Горан Гаврилов, управителот на националното радио Канал 77 во емисијата Стадион, го критикуваше досегашниот владин третман на медиумите со директната корупција со делењето на субвенции и кажа дека решението е во фонд за медиуми, проект, кој веќе го понудил на Владата.

-Изгубив три – четири години да најдам едно решение во консултација со домашните експерти за фонд за медиуми. Направив проект, го понудив на Владата, на одговорните лица, на сите здруженија и сметам дека имаме поддршка. Но, маката е дека секоја власт е научена на директни договори и субвенции, а не помош за продукција. Со тоа, притисокот на поголемите медиуми е да се даде клуч на рака, да се дадат субвенции, затоа што се тука и работат. Таа формула не бива, бидејќи со последната препорака на ЕУ, се бара од сите земји членки да направат систем на натпревар, држвата да направи систем во кој медиумите ќе се натпреваруваат. Таков систем е во Хрватска. Независна комисија го оценува проектите, како филтер меѓу владата и медиумите. На секоја власт овој филтер не и’ се допаѓа. Јас се надевам дека оваа сегашна влада , со овој предлог, ќе се откаже од било какво влијание, особено од парите на градоначалниците, кои масовно го кршат членот 102 од законот за АВМУ. Во однос на АВМУ, предложив двотретинско гласање при изборот, за сите да се согласат со изборот на членовите, изјави Гаврилов во Стадион.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.