ММС

Објавено на: 02/13/21 11:20 AM

Дефанзивецот на Лајпциг сепак завршува во Баерн Минхен

Премиер Лигата овојпат не беше „судбина“ за играч на германски Лајпциг. Францускиот централен дефанзивец Дајот Упамекано од следната сезона ќе го носи дресот на освојувачот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

Оваа информација вчера ја потврди спортскиот директор на Баварците, некогашниот фудбалер на Јувентус, Хасан Салихамиџиќ. Упамекано привлекуваше голем интерес од Англија, а шпанските медиуми шпекулираа дека можеби и Реал Мадрид во јуни би влегол во трката за неговиот потпис.

Интересот од Челзи и Ливерпул постоел, но не бил толку изразен како оној на екипата од Минхен и затоа 22-годишниот Упамекано во летниот трансфер преоден рок ќе потпише за Баерн договор вреден повеќе од 40 милиони евра.

Младиот француски одбранбен фудбалер се очекува во следните пет години да настапува на „Алијанц Арена“ како замена за австирскиот репрезентативец Давид Алаба кој на лето како слободен играч го напушта клубот.

-Имавме многу добри, интензивни и професионални преговори со Дајот и неговиот агент Вокер Струт со месеци. Знаевме дека конкуренцијата е огромна, изјави Салихамиџиќ.

Упамекано со Лајпциг минатата сезона стигна до 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.

 

 

 

Фото:

bavarianfootballworks.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.