ММС

Објавено на: 02/13/21 11:05 AM

Нема оправдување за корупцијата, час поскоро Владата да излезе со акциски план – став на Пендаровски

Владата треба да ги удвои ресурсите за борба против корупцијата, смета Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во Стадион на Канал 77.

-Мислам дека Владата мора да ги мобилизира дупло своите ресурси од ова што било. Не велам дека немало  напори. Е, сега, бидејќи е таква ситуацијата, ќе губиме време, не треба да оспоруваме, да зборуваме дали е ова перцепиција…

Канал 77: И за вас е ова перцепција или е реално?

СП:Пецепција е неспорно, бидејќи насловот на документот е тој – перцепција. Меѓутоа, е доволен индикатор да се замислиме. Перцепција е, бидејчи сами кажуваат дека е – „што мислите..“, бидејќи не ги бројат случаите во суд што завршиле со висока корупција, но мислам дека е крајно сериозен индикатор и затоа мислам дека Владата треба не само преку вицепремиерот за борба против корупцијата, туку генерално сите ресурси двојно да ги удвои и да покаже уште поголема од ова политичка воља и да се фати во костец со тоа зло. Да знаете, ако не е спорот со Бугарија, и ние да претпоставиме дека преговараме со ЕУ, прво е Поглавје 24-24, тоа е. Има и други точки, ама тоа е главното броба против висока корупција, а за 10 евра, одговори Пендаровски во Стадион.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.