ММС

Објавено на: 02/13/21 10:47 AM

Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат

-Не е точно дека само Пендаровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни серитфикати.  До овој момент уште стотина се во процедура да добијат.

Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ… Такво нешто нема, до сега нема добиено ниту еден политичар на локални или централно ново. Никој политичар  нема добиено негативно решение, или да е формално одбиен од НАТО, одговори Стево Пендаровски, во емисијата Стадион на Канал 77.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.