ММС

Објавено на: 02/13/21 9:59 AM

Среќен ден на радиото, Канал 77!

Светот денеска го слави радиото, медиум стар 110 години, кој неоправдано својот Светски ден на радиото го доби пред само десет години.  Оваа година во чест на медиумо, кој се менува и опстојува, тако како што се менува светот.Најдобар доказ е изминатата 2020 година и  пандемијата со Ковид-19, кога  радиото овозможи, на пример, да се обезбеди континуитет во добивањето на новите информации за вирусот што го покори свет, а во исто време да се бори против дезинформациите.

„Нов свет, ново радио“ тое е мотото на УНЕСКО  на годинашното одбележување , како ода на отпорноста на радиото. Тоа е почит кон неговиот капацитет за вечна адаптација по стапка на општествените трансформации и нови потреби на слушателите. Радио достапно насекаде и во секое време, радиото кое не само што не исчезна, туку постојано достигнува широка публика. Се претставува како арена каде што можат да се изразат, претстават и слушнат сите гласови, па затоа и радиото е сè уште најупотребуваниот медиум ширум светот и ден денешен.

Еволуција, иновантност и поврзување, тоа се поттемите на годинашното одбележување.

Пребарувајќи низ архивите на Канал 77, кој оваа година ќе одбележи  точно 30 години од непрекинатото освојување на публиката појавувајќи се со сигнал само еден месец пред Македонија да прогласи независнот, наидовме на аудио материјали, кои го потврдуваат нашето присутвото на сите значајни настани.  Но можевме само да констатираме дека годините минувале, но состојбите, па и ликовите што ја воделе државата, значајно не се смениле.

Времињата се менуваа, радиото еволуираше. Некои прогнозираа дека ќе го снема, а ние во него немаме идинина ако не се менуваме.

Во пресрет на Светскиот ден на радиото, УНЕСКО ќе порача:

„Радиото е моќен медиум за славење на човештвото во целата своја разновидност и претставува платформа за демократски дискурс. На глобално ниво, радиото останува најшироко конзумиран медиум.  Радиото е единствено позиционирано да ги зближува заедниците и да поттикнува позитивен дијалог за промени. Слушајќи ја својата публика и одговарајќи на нивните потреби, радио услугите обезбедуваат разновидност на погледи и гласови потребни за решавање на предизвиците со кои се соочуваме сите. Да, тоа сме сите ние, на кои радиото ни остана љубов и по триесет години.

Среќен Ден на радиото, Канал 77!


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.