Дневниот рекорд во количина на паднат снег е срушен, откако за 24 часа во руската престолнина наврна една третина од просекот за месец февруари, изјави метереологот Михаил Леус, а пренесува српски „Танјуг“.
За Москва тоа е нов деневен рекорд во однос на количина на паднат снег во овој период од годината, а претходниот рекод бил поставен во далечната 1973 година. „Снежна апокалипса“ е името кое граѓаните на рускиот главен град го смислија за да ги опишат врнежите и временската ситуација во изминатиот ден.
Повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 специјални возила постојано ги чистат улиците. Воздушните линии во Москва исто така се афектирани од снегот, одложени се приближно 30 летови, а пет од нив се откажани.
Фото: