ММС

Објавено на: 02/13/21 9:24 AM

Лавров: Русија во случај на санкции подготвена е да ги прекине односите со ЕУ

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека земјата е подготвена да ги прекине односите со Европската Унија (ЕУ) доколку официјален Брисел биде истраен во планот за воведување санкции, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лавров за Јутјуб каналот „Соловјов“ ги коментираше односите на Русија и ЕУ и истакна дека ЕУ е најважниот трговски партнер на Русија и дека многу европски компании работат во Русија.

Истакнувајќи дека Русија е подготвена за соработка со ЕУ врз основа на уважување и заедничките интереси, Лавров порача дека Русија исто така е подготвена и на прекин на односите, доколку ЕУ е истрајна во воведувањето санкции.

„Не сакаме да бидеме изолирани од светот, но мораме да бидеме подготвени за сите опции“, порача Лавров.

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, ја посети Русија на почетокот на февруари, а потоа напиша колумна во која наведува дека разговарал за загрижувачките европско-руски односи, кои додатно се влошени по апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и неговите поддржувачи во Москва.

Обвинувајќи ја Русија за одбивање на предлогот за конструктивен дијалог со ЕУ, Борел порача дека Русија ќе мора да се соочи со последиците од таквиот избор, вклучувајќи ги и санкциите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.