ММС

Објавено на: 02/13/21 8:55 AM

„Фејсбук“ ги ограничи објавите на профилите кои ѝ припаѓаат на Армијата на Мјанмар

Социјалната мрежа „Фејсбук“ презеде мерки за да се спречи споделувањето на содржините од профилите кои ѝ припаѓаат на Армијата на Мјанмар, која изврши воен удар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава дадена од „Фејсбук“ се наведува дека на профилите кои ѝ припаѓаат на Армијата на Мјанмар има дезинформации и дека значително ќе се намали ширењето на содржината која се објавува на овие профили.

Исто така, во изјавата се наведува дека нема да се затворат профилите, туку дека корисниците на „Фејсбук“ ќе можат да видат помала содржина на профилите кои ѝ припаѓаат на Армијата на Мјанмар.

Се наведува дека меѓу профилите чии содржини ќе бидат ограничени се наоѓа и профилот на бригадниот генерал Зав Мин Тун.

Од друга страна, во протестите против пучот во градот Мавламјиин во Мјанмар, три лица се тешко повредени со пластични куршуми исфрлени од страна на полицијата.

– Воен удар во Мјанмар

Тензиите во Мјанмар ескалираа поради тврдењата дека на изборите на 8 ноември 2020 година се направени манипулации. Генералштабот на 28 јануари ја повика Владата да ги разјасни обвинувањата за манипулација на изборите. Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Во следните денови, Армијата на Мјанмар изврши рација во партиските штабови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД), запленувајќи компјутери и документи.

Началникот на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг, кој ја презеде администрацијата во земјата, вети дека ќе се одржат демократски избори по завршувањето на воената состојба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.