ММС

Објавено на: 02/13/21 12:04 AM

Дневна доза Холивуд: Поголема слобода за Бритни Спирс и јавно извинување од Џастин Тимберлејк

Како и пред две децении кога важеа за омилен пар, и денес Холивуд носи вести за Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк. Имено, американската поп пејачка конечно направи чекор напред во остварувањето на желбата на татко и’ да му биде одземено апсолутното право да располага со нејзините финансии.

Судот во текот на денешниот ден донесе одлука според која, Џејми Спирс ќе мора да се консултира и со заеднички сили да носи одлуки со компанијата Bessemer Trust која се занимава со финансии. Оваа одлука донесе надеж кај обожавателите на музичката ѕвезда. Според нив, ова е само „вовед“ во слободата на Бритни која  го привлече вниманието на јавноста откако си ја избриче главата, нападна папараци и повеќе пати своеволно ги напушташе рехабилитационите центри во кои престојуваше.

Од друга страна, пејачот Џастин Тимберлејк почувствува потреба да се огласи откако се најде на столбот на срамот поради документарот во кој Њујорк Тајмс детално ги елаборираше причините за  приватниот и деловен пад на семејството Спирс, со што дел од вината падна и на него, односно на неговата изјава во врска со Бритни што ја имаше дадено во интервју за едно радио, но и поради спотот за песната Cry Me a River во кој алудираше на тоа дека пејачката го изневерила.

-Длабоко жалам поради времето во кое моите зборови и постапки беа погрешни, без разлика дали молчев кога требаше да зборувам или кога зборував нешто што не беше во ред. Особено сакам да им се извинам на Бритни Спирт и Џенет Џексон затоа што  многу ги сакам и ги почитувам, а грешев во врска со нив. Сакам да зборувам и за поширокиот план во врска со сето ова, бидејќи се работи за индустрија која предвидува успех само за мажи и тоа бели, што е погрешно. Како некој е дел од таа „привелигирана“ група, чувствувам потреба да укажам на тоа. Тогаш на погрешни начини го користев тоа свое место кое се заснова на расизам, не бев свесен што точно правам и не сакам никогаш веќе да се „возвишувам“ самиот себе на сметка на понижување на другите. Знам дека извинувањето нема да го подобри она што е направено, но тоа е мојот прв чекор. Знам дека можам да бидат подобра личност и ќе се потрудам да бидам – порача Тимберлејк преку социјални мрежи.

 

Фото:  popsugar.com

Извор:  pulsonline.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.