ММС

Објавено на: 02/12/21 10:40 PM

Марио Драги е новиот премиер на Италија

Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги ја прифати должноста премиер на Италија и ја претстави новата влада која би требало да ја извлече земјата од политичката криза за време на пандемијата со ковид-19.

Портпаролот на претседателската палата вечерва објави дека Драги ја прифатил функцијата на состанокот со претседателот Серхио Матарела, кој го назначи за премиер на 3 февруари откако Џузепе Конте мораше да поднесе оставка на 26 јануари по распадот на неговата коалиција.

Познат и како „Супер Марио“ поради својата улога во должничката криза во еврозоната во 2012 година, Драги би требало  да положи заклетва в сабота и да побара гласање за доверба во парламентот на почетокот на следната недела.

 

Фото: Instagram /  mariodraghi_presidente

Извор:  24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.