ММС

Објавено на: 02/12/21 7:59 PM

Време: Почнува многу студено време со снег

Времето утре, според прогнозата на УХМР, ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а некаде во југозападните делови таа ќе изнесува и над 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Минималната температура меѓу -10 и -4 степени, а максималната дневна од -6 до +1.

Следните денови ќе биде и постудено. Во деновите од викендот времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Утринските температурите ќе ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и на места ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само на места ќе се искачуваат до некој степен над нулата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.