ММС

Објавено на: 02/12/21 7:40 PM

СВР-Тетово одзеде возило „порше” поради 15 месеци истечена регистрација

Тетовската полиција денес одзеде возило марка „Порше” поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, информираат од СВР Тетово. Возилото ќе биде задржано на 90 дена.

– Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово бележи дека откако стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено околу 30 возила.

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.