ММС

Објавено на: 02/12/21 6:55 PM

Во Врање за еден ден 127 новозаразени, причина и шопингот на Македонците во тој град!

Во Врање вчера е регистриран заничтелен скок на новозаразени со коронавирусот. Дури 127 луѓе од градот на југот на Србија биле позитивни на вирусот. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ за РТС ги објаснува причините.

„Постои објаснување. А тоа е дека малку попуштивме во спроведувањето на мерките особено поради убавото време во изминатите денови, па дури и најдисциплинараните малку попуштија. Втората причина е што државјани на Македонија масовно доаѓаат во продавниците во Врање“, смета д-р Тиодоровиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.