ММС

Објавено на: 02/12/21 5:29 PM

Горно Седларце пак со протест и блокада на Автопатот Тетово – Гостивар

Жителите на Горно Седларце, село оддалечено на неколку килoметри од Тетово, повторно протестираа кај наплатната рампа Тетово и побараа да бидат ослободени од плаќање патарина, оти, како што велат, плаќаат цела сума, а не го користат цел автопат.

Велат дека годишно им се собира по 1.000 евра да плаќаат патарина, затоа што низ наплатните рампи поминуваат и по неколку пати во текот на денот

Тие побараа да им се намали цената за патарина или, пак, да им се изгради алтернативен пат .

Рекоа дека ќе продолжат со протестите и блокадите се’ додека не им се исполнат нивните барања.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.